Денес го прославуваме Меѓународниот Ден на Жената со жените од целиот свет кои се залагаат за подобро утре.

Меѓународниот Ден на Жената, кој го бележи својот почеток пред точно 150 години, го афирмираше правото на секоја жена во светот да се стреми кон реализација на својот потенцијал. Со текот на времето, жените направија извонреден прогрес во секоја област од нивниот ангажман. Овој 8ми Март, ги славиме жените кои напорно работеа за промените кои ние денес ги уживаме. Тие постигнаа многу. А многу ни останува и нам да сториме.
УШТЕ ПОДОБРО УТРЕ
Го гледаме утрешниот ден како ден во кој жените имаат вистинска моќ да ги променат своите животи на подобро и да помогнат во менување на светот.

Ние силно веруваме во ваков утрешен ден, бидејќи ја познаваме моќта на жените. Ја гледаме нивната одлучност. И гледаме како сите препреки се рушат пред нивниот несопирлив оптимизам.
Ги знаеме сите овие работи од прва рака. Во нашата компанија, сме виделе милиони жени од целиот свет, како ги трансформираат своите животи станувајќи Avon Претставнички.
Денес им оддаваме почит на нашите над 5 милиони Avon Претставнички
Ги поздравуваме нашите над 5 милиони Avon Претставнички, кои ја искористија шансата да ги претворат своите сништа во реалност и финансиски да си ја обезбедат иднината. Како едни од најголемите светски микро-кредитори на жените, ние сме континуирано инспирирани од страста и иницијативата кои овие жени ги покажуваат.
Hello Tomorrow

                                                                   Avon.com